На 38 години, Самуел Ето оди во пензија. Камерунецот реши да и стави крај на својата фудбалска кариера. Цели 22 години играше фудбал и освои многу трофеи во клубовите каде што настапуваше.
Кариерата ја започна во Реал Мадрид, по што постојано беше позајмуван во мали клубови. Играше за Легањес, Еспањол и Мајорка, а за „кралевите“ одигра само шест натпревари во сите конкуренции. Барселона го купи во летото 2004 година и со Каталонците освои четири шампионски титули во Ла Лига и две титули во Лигата на шампионите.
Во 2009 година замина во Интер, со кој стигна до „триплета“ во сезоната 2009/2010.