Турција загубија од Чешка со 91:76 и со тоа не успеаја да се пласира во главната фаза на Мундобаскетот во Кина. Во одлучувачкиот меч за второто место во групата, Турците прикажаа лоша игра и на крајот мораа да се помират со пораз.
Фантастичниот Хрубан со 18 поени беше предводник на Чесите во победата, а одличен меч имаше и Балвин кој постигна 17 поени. Кај Турција единствен расположен беше охриѓанецот Џеди Осман со 24 поени.
Денеска Бразил стигна и до третата победа во групата совладувајќи ја Црна Гора, а победи досега обезбедија и Германија и Канада
РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО
Канада – Сенегал 82-60
Бразил – Црна Гора 84-73
Германија – Јордан 96-62
Чешка – Турција 91-76