Екс-играчот на Јувентус, Клаудио Маркизио може да ја продолжи кариерата во бразилскиот шампионат, јавуваат неколку бразилски медиуми.
Според информациите, за Маркизио е сериозно заинтересирана екипата на
Фламенго, кој бара замена за колумбиецот Густаво Куељар, кој неодамна го напушти тимот и се пресели во Ал-Хилал од Саудиска Арабија за 7,5 милиони евра. Преговорите за трансфер се во тек.
Маркизио по заминувањето од Јувентус беше дел од екипата на Зенитно главно поради проблем со повредите, 33-годишниот фудбалер одигра само 15 натпревари и постигна 2 гола бна сите настапи за рускиот тим.