Ракометарите на Вардар го совладаа тимот на Ал Вехда со 30:26 и го освоија третото место на светското клупско првенство во С. Арабија, позјато како Супер Глоуб.
Во малото финале, „црвено-црните“ одиграа еден добар меч, иако со две различни полувремиња. Во првиот дел видовме добра и концентрирана игра од двата тима, па на полувреме се замина со егал ситуација – 16:16.
Во второто полувреме Вардар го засили темпото, поведе уште на стартор со 2 гола разлика, и до крајот успешно ја градеше предноста за победа. Со оваа победа Вардар стигна и до чекот во висина од 150.000 долари предвиден за третопласираниот тим.