Шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте oд утрово е нов фудбалер на Наполи. Италијанците го потврдија договорот со искусниот шпански голгетер, кој минатата сезона ја заврши како играч на Тотенхем.
Љоренте доаѓа во Неапол како слободен агент и потпиша договор со вредност до 2,5 милиони евра по сезона во составот на наполитанците. Љоренте е изнудено решение за засилување во нападот на тимот на Анчелоти, откако неуспешно се обидуваа да го купат Икарди.
OFFICIAL: Napoli have signed former Tottenham striker Fernando Llorente on a two-year contract. pic.twitter.com/ATlNuUbUQM
— Transfer News Central (@TransferNewsCen) September 2, 2019