Најдобрите македонски одбојкари попладнево (17.30 ч) против селекцијата на Бугарија ќе играат во мечот за третото место на 43. издание на меѓународниот меморијален турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“ во Скопје.
Македонија вчера беше поразена со 3:1 од Украина, додека во вториот меч Белгија со комплетен пресврт и триумф од 3:1 ја совлада Бугарија.
Украина и Белгија ќе се соочат во финалето, а тој дуел е закажан во 20:30 часот. Влезот во „Градски парк“ за двата натпревари е слободен.