Ракометарите на Вардар без посериозни проблеми ја минаа четвртфиналната пречка на светското клупско првенство во С. Арабија. Во четврфиналениот меч одигранденеска со домашниот претставник Ал Мудхар „црвено-црните“ славеа со 34:27 (17:12) и се пласираа во полуфиналните дуели.
Тимур Дибиров беше прв стрелец со шест гола, а беше избран и за МВП на турнирот, додека Дисингер и Чупиќ постигнаа по пет погодоци.
Во полуфиналната рунда Вардар за противник ќе го има германски Кил.