Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, повторно одговори на прашањата на новинарите за иднината на играчот од средниот ред, Пол Погба.
„Печатот постојано ми поставува прашања за Пол, нели? Но, воопшто не сум загрижен за ова. Мислам дека тој ќе остане со нас. Некои зборови се извлечени од контекст и тоа не ми се допаѓа. Не гледам ништо чудно во неговото однесување надвор и на теренот. Тој е наш играч, тука е со нас, и нормално е да очекувам да остане“, потврдил Норвежанецот.