Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Ливерпул, Марио Балотели од синоќа и официјално е нов фудбалер на италијанска Бреша. Повратникот во Серија А ја искористи шансата откако Балотели не успеа да се договори со бразилски Фламенго и успеа да го донесе во својот тим.
Лошото момче на италијанскиот фудбал се раздели со Олимпик Марсеј во јуни и како слободен агент потпиша договор на 3 сезони со новиот италијански прволигаш.
29-годишниот напаѓач ја одби понудата од Фламенго, бидејќи сака да се бори за место во репрезентацијата на Италија за Еуро 2020.