Шкотскиот шампион Селтик ќе се обиде да доведе двајца играчи од Премиер лигата на Англија до крајот на трансфер периодот. Главна цел на менаџерот Нил Ленон е голманот Фрејзер Форстер од екипата на Саутемптон, кој не е во плановите на менаџерот на „светците“, па може да биде замена за повредениот голман на „келтите“, Скот Бејн. Форстер веќе беше голман на Селтик во 2010 година.
Освен кон Форстер, Селтик има интерес и кон офанзивениот играч за врска на Бурнемаут, Џордан Ајб. Поранешниот фудбалер на Ливерпул е непотребен за тренерот на Бурнемаут и би можел на едногодишна позајмица во Шкотска.