Интер синоќа имаше одличен старт на сезоната во Серија А откако со убедливи 4-0 го победи Лече. Одлично деби во дресот на новиот клуб имаше Белгијанецот Лукаку, кој постигна и еден од четирите гола за „нероаѕурите“.
„Ромелу Лукаку покажа зошто толку напорно се обидувавме да го купиме. Да не заборавиме дека Лукаку чини 65 милиони евра кои ќе бидат плаќани во текот на пет години, па кога луѓето зборуваат за пари треба да знаат дека тој не е толку скап“, изјави по средбата тренерот на Интер, Конте.