Со мечот меѓу Парма и Јувентус, попладнево стартува новата сезона во италијанската Серија А лига. Шампионот Јувентус, новата сезона во Серија А ќе ја отвори на „Енио Тардини“ без новиот тренер, Маурицио Сари.
Поради проблеми со пневмонија Сари веќе пропуштил неколку тренинзи на Јувентус. Од таборот на торинскиот клуб соопштија дека тој нема да ја води екипата во првите две кола од новата сезона во Серија А.
Така, освен гостувањето кај Парма, Јувентус ќе биде без својот тренер и на дуелот против Наполи во второто коло. Денеска во првото коло во вечерниот термин ќе го гледаме и дуелот меѓу Фиорентина и Наполи.

