Со натпреварот меѓу Вардар и Работнички, денеска стартува 3. коло од ПМФЛ. Станува збор за 68. соседско дерби кое започнува во 17 часот.
Вардар имa задача во третиот настап сезонава да дојде до првата победа, за Работнички пак најважно е да не загуби. Традицијата е на страната на вардарци, кои на изминатите 67 дуели имаат 29 победи, 15 пати се играло реми а Работнички има 23 триумфи. Гол разликата е 86:73 за Вардар. Вардар е домаќин, што и не е предност ако се знае какви се исходите на последните пет-шест натпревари.
Останатите средби од 3. коло се играат утре.