Играчот од средниот ред на Шахтјор, Тајсон може да се пресели во Рома. Според италијанските весници, преговорите во моментов се прекинати, бидејќи клубот од Доњецк барал 30 милиони евра за 31-годишен фудбалер.
Овој износ е неприфатлив за италијанскиот клуб, а доколку украинската страна ги намали своите барања, преговорите може да продолжат. Тајсон е дел од Шахтјор од јануари 2013 година. Досега тој постигна 44 голови на 243 натпревари за украинскиот тим.
Рома во моментов е предводена од Пауло Фонсека, кој претходно го предводеше Шахтјор и работеше со Тајсон, па стратегот одлично ги познава неговите квалитети.