Играчот од средниот ред Реал Мадрид, Хамес Родригез, се повреди на натпреварот од второто коло во Ла Лига против Ваљадолид, па според лекарите, ќе мора да паузира најмалку 3 недели.
Тој има оштетување на мускул, кој мора да се третира најмалку дваесетина дена. Последните две сезони, 28-годишниот Родригез ги мина на позајмица во Баерн, кадеодигра вкупно 67 натпревари и постигна 15 голови на сите турнири.
Летово се шпекулираше за негово заминување од Реал со постојан договор, но Колумбиецот сепак остана во составот на Зидан.