Двајт Хауард повторно ќе игра во ЛА Лејкерс. Центарот се согласи да потпише загарантиран договор со „езерџиите“, кои бараа нов кошаркар по повредата на Демаркус Казинс.
Хауард стана слободен агент откако беше ослободен од Мемфис и доби јасна порака дека ако лошо влијае на тимот, веднаш ќе биде исфрлен. Лејкерси имаат право да го ослободат до 7 јануари 2020 година, без да му платат отштета.
Хауард (33) оствари специјална средба со раководството на Лејкерс, тренерите и идните соиграчи, на кои тој најави дека го достигна дното и е подготвен да помогне со се што може на паркетот, без да предизвика проблеми.