По 13 години, кошаркарската репрезентација на САД доживеа пораз. На вториот подготвителен меч пред СП во Кина, Американците загубија во Мелбурн од селекцијата на Австралија со 98-94.
Пред два дена Американците славеа со 16 разлика против Австралија, а утринава двете репрезентации го одиграа вториот пријателски меч во кој „кенгурите“ ја потврдија формата но и кандидатскиот статус за највисок пласман на Мундобаскетот.
Австралија до победа ја водеше Пети Милс, кој постигна 30 поени. Кај Американците најдобри беа Кемба Вокер со 22 постигнати поени и Харисон Барнс со 20 поени.