Денеска во Дамам, Саудиска Арабија почнуваат дуелите од осминафиналето на светското клупско превенство во ракомет, популарниот турни Супер Глоуб. По 12 години одржување во Доха, Катар, турнирот се пресели во С. Арабија, а годинава нашиот и европскиот шампион Вардар ќе атакува на престижниот трофеј.
„Црвено-црните“ се слободни во 1.коло и својот ривал го чекаат во четврфиналето од денешната средба меѓу екипата на Мудхар (С. Арабија) и Њујорк Сити (САД).
Покрај овој дуел, денеска во квалификациската фаза ќе се одигра и дуелот меѓу екипите на Сиднеј универзитет и Кил, а победникот од овој меч оди на двобој со Замалек во четвртфиналето. Од таа двојка „вардарци“ го чекаат ривалот за полуфиналната пресметка во Дамам.
Денеска, 1. коло квалификации
15.15 Сиднеј У. – Кил
19.00 Мудхар – Њујорк Сити