Авдил Салихи, боксерскиот менаџер кој пред неколку дена беше награден од Професионалната боксерска федерација на Македонија за менаџер и мечмејкер за 2021 година, оваа недела доби уште едно признание, но сега од Светската федерација за професионален бокс УБО, која му ја додели титулата “UBO Special Tribute of the Year 2021”.
Претседателот на оваа федерација ја пофали работата на Салиху преку објава на нивната официјална веб-страница.
„Оваа награда се доделува на личност кој оди понатаму за да постигне успех. 2021 година не беше како претходните години поради пандемијата, не е лесна година за успех во боксот. Но, Авдил Салиху од Македонија продолжи да работи како промотор, посредник и менаџер. На промотивниот фронт тој организираше две големи настани во Косово, и двете водени од борбите за титулата на УБО. Овие два настапи се несомнено најважните боксерски промоции во историјата на Косово. Покрај тоа, тој неуморно работеше во текот на целата година како посредник и менаџер и е жив доказ дека со напорна работа и посветеност можете да постигнете големи работи, дури и за време на глобална пандемија. Неговата работна етика и истрајност се восхитувачки и тој заслужува да ја добие наградата за специјална почит на годината на УБО за 2021 година“, рече претседателот на UBO, Јоерг Херцог.
Инаку Салихи ова година планира да организира три настани во Македонија, во април во Скопје, во мај во Штип и во јули во Струга. Во последното се очекува да настапи за титула Фатлум Жута, кој веќе неколку години своите настапи ги има во Америка.