Откако првиот човек на фудбалскиот состав, Вардар, Сергеј Самсоненко, најави дека ќе прекине со финансирање на клубот непосредно пред стартот на вториот дел од сезоната, дел од вардаровите играчи станаа трансферна цел на одредени екипи.
Според медиумите, составот на Борац Бања Лука го пикирал, младиот, Даниел Аврамовски. Екипата од БИХ предводена од Бранислав Круниќ која има големи амбиции во тековнава сезона и се обидува да извади виза за Европа, сака да се засили во дефанзивната линија.
Аврамовски кој сега е еден од најдобрите фудбалери во редовите на Вардар, претходно настапуваше за Олимпија, Војводина, Работнички и Црвена Ѕвезда. Тој од неодамна стана и репрезентативец на нашава земја.

