Македонскиот фудбалски репрезентативец Даниел Аврамовски го раскина договорот со турскиот прволигаш Кајсериспор. Како што потврдија од клубот, соработката со нашиот интернационалец е спогодбено завршена, така што тој е слободен да си бара нов клуб.
Според турските весници, уште пред да биде договорен раскинот на договорот со Кајсериспор, Аврамовски постигнал договор за соработка со екипата на Гиресунспор. Се чека официјална потврда на соработката.