Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, трет пат во серија е прогласен за најдобар во Премиер-лигата.
Интересно е тоа што тој го добива признанието во почетните три месеци во дебитантската сезона во елитата на Англија. Пред него само Пеп Гвардиола, Јирген Клоп и Антонио Конте имаат таков ефект.
Наградата пак, за фудбалер на месец октомври ја доби Мохамед Салах, напаѓачот на Ливерпул.