Австралија одлучи да не поднесува кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2034 година, објави прес-службата на фудбалската федерација на земјата.
„Ја испитавме можноста да поднесеме понуда за домаќин на Светското првенство во фудбал и, земајќи ги предвид сите фактори, решивме да не го сториме тоа “, се вели во соопштението.
Саудиска Арабија претходно поднесе кандидатура е за домаќин на Светското првенство во 2034 година и сите шпекулации велат дека тие и ќе го добијат настанот. Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а во 2030 година домаќини на турнирот ќе бидат шест земји: Уругвај, Аргентина, Парагвај, Мароко, Шпанија и Португалија.