Ешли Барти која е на челната позиција на АТП листата излезе со изненадувачка изјава на социјалните мрежи дека на 25 години ќе ја прекине тениската кариера.
-Многу сум среќна и подготвена. Во срцето знам дека е добра одлука. Целосно сум истрошена и нема што повеќе да дадам. Ви благодарам на сите кои ме поддржувавте – напиша Барти која ја освои првата гренд слем титула во 2019 година кога триумфираше на терените на Ролан Гарос.
Тенисерката од Австралија има освоено 15 ВТА титули.