Марсел Сабицер кој во последните денови од преодниот рок потпиша за Баерн Минхен, денеска го одработи првиот тренинг во дресот на Баварците.
Тој се наметна еден од најдобрите играчи за врска во Бундес-лигата во дресот на Лајциг и во последен миг од преодниот рок се пресели во Минхен. Австриецот поради повреда ќе мора да ги прескокне септемврските квалификации за Мундијалот.
Денешните активности на искусниот фудбалер беа споделелни и преку социјалните мрежи од страна на неговиот нов тим.

