Нашите најдобри фудбалери денеска ги очекува претпоследниот меч од квалификациите за ЕП 2020. Во вечeрниот термин од 20.45 избраниците на селекторот Ангеловски ќе истрчаат на стадионот во Виена со желба да им се реваншираат на Австријците за поразот во Скопје.
Во нашиот тим ќе недостасуваат поголем број на стандарни првотимци што значи дека дел од пoмладите ќе добијат шанса да се наметнат за националниот дрес. Според најавите од страна на домаќинот, за натпреварот кој ќе се одигра на стадионот – „Ернст Хапел“, кој има капацитет од 48.000 седишта, досега се продадени 40.000 билети.
Пред мечот ќе има свечен чин кога во пензија ќе биде испратен Марк Јанко кој беше дел и од тековните квалификации.

