Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Австрија подобра од Македонија и обезбеди настап на ЕП 2020 година
    Фудбал

    Австрија подобра од Македонија и обезбеди настап на ЕП 2020 година

    risteBy riste16/11/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација е поразена на гостувањето проти Австрија со 2:1, во натпревар кој го започнавме лошо, а го завршивме онака како што требаше да играме во поголем дел од натпреварот.

    Селекцијата на Австрија дојде до водство со голот на Алаба во 7.минута откако доби топка во празно и се извлече од офсајд стапица, по што го помина голманот Димитриевски и донесе водство на Австрија од 1:0.

    На самиот старт на натпреварот дополнителен проблем за Македонија беше повредата на Александар Трајковски кој мораше да ја напушти играта и на него влезе уште еден дебитант, Влатко Стојановски. До крајот на првиот дел Австрија имаше уште неколку шанси, но Столе Димитриевски со своите одбрани не и дозволи на домашната селекција да ја зголеми предноста.

    Во вториот дел само што почнаа возбудувањата, Австрија веќе имаше водство од 2:0 со голот на Лаинер во 48.минута. Потоа успеавме да воспоставиме рамнотежа и да не им дозволиме на фудбалерите на Австрија да дојдат до уште поубедливо водство, за во еден период од неколку минути Влатко Стојановски имаше две одлични шанси, најнапред со нога шутираше покрај голот, а потоа со глава да упати добар удар но домашниот голман со крајни напори ја исфрли топката во корнер.

    Сепак во судиското надополнување, по слободниот удар кој го изведе Барди, Влатко Стојановски успеа со глава да ја смести топката во голот на Австрија и да намали на 2:1.

    Нашата репрезентација утре се враќа во Скопје каде ќе се подготвува за послениот натпревар против Израел кој го игра во вторник на 19.Ноември на националната арена „Тодор Проески“ од 20 45 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Менди сака поголема плата за да остане кај лондончани

    08/08/2022

    Кавани сака да остане во европскиот елитен фудбал

    08/08/2022

    Кин упати критики до играчите на Јунајтед

    08/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Менди сака поголема плата за да остане кај лондончани
    • Шафнауер откри детали околу договорот со младиот возач
    • Кавани сака да остане во европскиот елитен фудбал
    • Кин упати критики до играчите на Јунајтед
    • Паредес ќе биде замената за Рабио
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.