Автобусот, кој ги превезува фудбалерите на Арсенал за натпреварите, бил казнет поради неправилно паркирање.
Утрово, возилото било оставено пред хотелот во Манчестер, каде што играчите на Арсенал биле сместени пред натпреварот од 36-то коло во Премиер Лигата со Манчестер Јунајтед. Поради овој прекршок возачот на автобусот заработил парична казна од 60 фунти.
Денес, во 17:30, двете екипи се среќаваат на „Олд Трафорд“, меч кој е важен само за домаќините кои ќе сакаат да ја задржат својата втора позиција во Премиер Лигата. Гостите во моментов повеќе гледааткон Лигата на Европа и реваншот со Атлетико (Мадрид), бидејќи немаат шанси за првите 4 и Лигата на шампионите и единствениот начин наредната година да играат во Лигата на шампионите е триумф во Лига Европа.