Белгискиот фудбалер, Еден Азар, веројатно ќе го напушти времено Реал Мадрид и ќе се врати во Премиер-лигата, најавија денеска дел од англиските медиуми.
Шпекулациите велат дека играчот на „кралевите“ кој беше купен од Челзи за големи 115 милиони евра, сега може да добие понуда од новите сопственици на Њукасл.
Тие се подготвени да ја покриваат целата негова плата додека настапува на стадионот – „Сент Џејмс Парк“. Наводно за услугите на Азар се заинтересирани и луѓето од Челзи и Јувентус.

