Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, му ја отвори излезната врата на Еден Азар кој во континуитет се соочува со повреди и пропушти многу натпревари како во пртеходната така и во сегашната сезона.
Белгиецот беше ангажиран како големо засилување на „Сантијаго Бернабе“ , но, дефинитивно потфрли дури и на мечевите кога беше на теренот.
„Ако сака Азар да си оди, тогаш е слободен. Никогаш нема да му направам проблем ако сака да направи трансфер, тоа не сум го направил со ниту еден фудбалер“ – потенцираше Италијанецот.