Белгиската фудбалска ѕвезда Еден Азар се сретнал со сопственикот на Челзи Роман Абрамович на кого му ја пренел желбата да го напушти клубот, велат британските медиуми.
Главен фаворит за привлекување на 27-годишниот играч од средниот ред е Реал Мадрид, кој сака да го претвори Еден Азар во наследник на Кристијано Роналдо.
Реал Мадрид е подготвен да плати 185 милиони фунти за белгискиот играч од средниот ред, но Челзи одбива да го продаде Азар за помалку од 220 милиони фунти.