Челниците на Њукасл размислуваат да го ангажираат офанзивниот играч на врска на Реал Мадрид, Еден Азар, најавија денеска медиумите во Англија.
Новите богати сопственици на премиер-лигашот сакаат во јануари да ја испратат првата понуда за репрезентативецот на Белгија. Азар подолг период е „закован“ на клупата за резерви и веројатно ќе сака да се врати на Островот.
Њукасл ќе се обиде прво да го ангажира на позајмица а потоа да го откупи неговиот договор.