Белгијскиот интернационалец Еден Азар кој настапува за екипата на Челзи беше прогласен за најдобар во 2018 година во Белгија, објави прес-службата на националниот тим.
Околу 14974 навивачи гласаа за Азар – речиси пет пати повеќе од второпласираниот Аксел Витсел од Борусија Дортмунд. Поранешниот фудбалер на Зенит од Санкт Петербург доби 3801 глас.
Најдобрата тројката ја сочинува Кевин де Бруин од Манчестер Сити со 2005 гласови. Еден Азар, исто така, беше прогласен и како најдобар спортист на годината во Белгија.