Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Азар: „Не сум потпишал нов договор со Челзи“
    Фудбал

    Азар: „Не сум потпишал нов договор со Челзи“

    risteBy riste28/09/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Еден Азар ги отфрли информациите дека наскоро ќе потпише нов договор со Челзи. Белгиецот има договор со „сините” од Лондон за уште две сезони, но од клубот ќе направат обид да го продолжат договорот за уште две години. Во оваа фаза Азар нема намера да потпише, што ги зголеми шпекулациите за евентуален трансфер во Реал Мадрид.

    „Не сум потпишал нов договор. Уште не”, рече Азар по победата со 2:1 над Ливерпул во Лига Купот, откако го постигна победничкиот гол за Челзи по одлична индивидуална акција.

    Азар е задоволен од новиот стил на игра, кој го практикува италијанскиот менаџер Маурицио Сари, кој пак дојде на местото на својот сонародник Антонио Конте.

    „Сари сака од нас да владееме повеќе со топката што ми се допаѓа и ми помага да играм подобро. Претходните менаџери (Мурињо и Конте) исто ми дозволуваа да ја држам топката на противничката половина, но сега напаѓаме повеќе, што е плус за играчи како мене”, изјави Азар.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Ристовски проговори за ситуацијата во клубот

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.