Фудбалерот на Челзи, Еден Азар, во континуитет добива прашања околу најавениот трансфер во редовите на Реал Мадрид. Во изминатото лето веднаш по Мундијалот во Русија, се појави информација дека Азар ќе замине на „Сантијаго Бернабе“, но, не се случи.
„По Светското првенство навистина сакав да заминам, но, се одлучив да останам и не погрешив. Сега играм една од моите најдбри сезони. Реал Мадрид? Зошто не? Вие ме прашувате иако го знаете одговорот. Без Зидан Реал е друг тим, но, сепак е Реал Мадрид” – потенцираше Азар.
Интернационалецот од Белгија кој ја реализира шестата сезона во дресот на „сините“ од Лондон, има уште 18 месеци од тековниот договор. Азар досега освои две титули во Премиер лигата, една од ФА Купот и Лига купот на Англија.