Фудбалерот, Еден Азар, призна дека неговата прва сезона во Реал Мадрид му поминала крајно разочарувачки и тешко.
„Имав повреди, но, се надевам дека сè ќе заврши и наредната сезона ќе биде подобро. Всушност, не беше толку страшна година затоа што успеав да дојдам во клубот и веднаш да го освоиме првенството.Не можам да барам повеќе“ – вели фудбалерот од Белгија кој за „кралевите“ одигра 21 меч во сите конкуренции со ефект од 1 гол и 4 асистенции.
„Поединечно, тоа беше најлошата година во мојата кариера. Беше малку чудно. Сега чекам титула во Лигата на шампионите иако ќе биде тешко со Манчестер Сити кој тежок противник“- изјави Еден Азар за „Мундо Депортиво“.