Еден од главните играчи на Челзи оваа сезона, Еден Азар, откри дека сонувал за трансфер минатото лето. „Јас ќе ви ја кажам вистината. По Светското првенство сакав да заминам затоа што сонувам да играм во Шпанија”, изјави белгискиот играч од средниот ред во интервју за англиските медиуми.
„Разговарав со клубот и тренерот. Тие рекоа дека не сакаат да ме пуштат и нема проблем. Среќен сум овде и мислам дека тоа беше вистинската одлука. Имам уште две години од договорот. Можам да потпише нов договор или не, не знам. Лесно ми е да останам. Како што реков, и да останам и да заминам, јас сепак ќе бидам среќен”, рече Азар.
Белгиецот изненадувачки е лидер на голгетерската листа на Премиер Лигата со шест постигнати голови од почетокот на сезоната.