Белгискиот фудбалски интернационалец, Еден Азар, во текот на летото ќе се пресели на стадионот „Сантијаго Бернабе“ за 100 милиони евра, објавија денеска медиумите во Англија.
Целиот трансфер ќе биде комплетиран по финалето во Лига Европа во кое неговиот Челзи во чисто англиска пресметкаќе игра против Арсенал. Решавачкиот меч за пехарот во второто по ранг натпреварување на Стариот континет ќе биде одигран на 29. Мај во Баку во Аербејџан.
Веднаш по големото финале на Лига Европа, Азар ќе замине во редовите на Реал Мадрид.

