Белгиската фудбалска ѕвезда, Еден Азар, откако си замина од Реал Мадрид и остана без клуб, реши да ги „закачи копачките на клин.
„По 16 години кариера и повеќе од 700 мечеви, одлучив да ставам крај. Имав среќа да ги остварам сништата и да играм во големи клубови како и да го носам дресот на Белгија” – објави 32-годишниот Азар.
Тој играше за Лил, Челзи и Реал Мадрид. За Белгија има 126 средби и 33 голови.