Една од ѕвездите во фудбалскиот состав Челзи, Еден Азар, иако изјави дека сака да направи трансфер во Реал Мадрид, вели дека до крајот на сезоната нема да размислува на ништи друго освен на настапите во „синиот“ дрес. Неговиот тим се бори да биде во Топ 4 во Премиер лигата а паралелно сигурно чекори и во Лигата на Европа.
„Не сакам во моментов да зборувам за мојата иднина. Во наредните месеци во мислите ќе ми биде само Челзи бидејќи не очекуваат големи натпревари“ – вели Азар.
„Сакам да обезбедиме настап во Лигата на шампионите и да донесеме пехар од Европа. Јас ќе го дадам мојот максимум за да ги оствариме нашите желби“ – нагласи Азар.