Еден од лидерите на екипата на Челзи и оваа сезона, Еден Азар, стигна до јубилејниот 70-ти гол во дресот на „сините“. Со овој погодок тој успеа да го помине на листата на најдобри стрелци во клупската историја на лондончани, Холанѓанецот Флојд Хаселбанк, кој досега беше третопласиран.
Сега Азар останува да се обиде да ги стигне резултатите на оние кои се наоѓаат на самиот врв. Легендата на Челзи Френк Лампард изгледа недостижен со 147 гола, а исто така на второто место се уште далеку пред Азар е и Дидие Дрогба со 104 гола.