Капитенот на белгиската фудбалска репрезентација, Еден Азар, по поразот од Мароко во второто коло од групата Ф на Светското првенство изјави дека тимот е разочаран и треба психички да се подигне.
„Сите сме разочарани. Сакавме да се квалификуваме но, налетавме на многу добар тим на Мароко. Ќе мораме психички да се издигнеме, да се одмориме и да дадеме максимум против Хрватска“ – изјави Азар.
Во групата Хрватска и Мароко имаат по 4 бодови, Белгија 3 а Канада е без бод.