Откако Еден Азар не одигра ниту една минута на двата меча за селекцијата на Белгија во фудбалската Лига на Нации, реагираа луѓето од неговиот клуб , Реал Мадрид.
„Белите“ не се задоволни што Азар беше повикан од страна на селекторот, Мартинез, иако се знаеше дека нема да настапи поради повреда. Според нив, подобро ќе беше Белгиецот да останеше на „Сантијаго Бернабе“ за да се подготвува за стартот на новата сезона во Примера Дивизион.
Во исто време и голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа, беше активен во селекцијата на Белгија и одигра само еден меч.

