Рајнер Бонхоф е избран за прв човек на Борусија (Менхенгладбах), соопшти бундеслигашот. Поранешниот фудбалер ја започна професионалната кариера во Борусија Менхенгладбах.
Таму играше од 1970 до 1978 година и освои четири титули во Бундеслигата, Купот на Германија и Купот на УЕФА. Тој дојде до светската титула во 1974 година со Западна Германија.
„Борусија (Менхенгладбах) е мојот живот и за мене е голема чест да бидам претседател на овој клуб“ – изјави Бонхоеф кој досега ја имаше улогата на потпретседател .

