Повратникот во нашата најдобра фудбалска репрезентација, Давид Бабунски, оптимистички расположен ја очекува големата пресметка со Италија во првиот бараж-филтер за пласман на Мундијалот во Катар.
„Свесни сме против кого ќе играме, ќе биде тежок натпревар, но и за противникот ќе биде така. Покажавме дека можеме да се носиме против најголемите репрезентации, ќе излеземе на теренот, ќе дадеме сè од себе за да победиме“ – вели Давид.
„Нема што да загубиме, одиме со големи амбиции, на гостински терен, така што мислам дека сме подготвени за предизвикот. Ќе играме со срце и со желба да победиме“ – потенцираше Давид Бабунски пред мечот в четврток во Палермо.