ФК Вардар и Бобан Бабунски денесе ја официјализираа соработката со нов едногодишен договор кој ќе го обврзе поранешниот фудбалер да остане во клубот до крајот на сезоната 2018/19.
Негови асистенти ќе бидат Владимир Колев, Сашо Тодоровски и Раденко Бојовиќ, кои ќе му се приклучат од младинската школа на вардарци. Бабунски седна на клупата на „црвено-црните“ на девет кола до крајот на овогодишниот ПМФЛ шампионат кој екипата го заврши на второто место, зад шампионот Шкендија.
Бабунски дојде како замена за Чедомир Јаневски кој си поднесе оставка по ремито со Шкупи во рамки од 27. коло.
Вардар со него запиша две победи, едно реми и дури шест пати ја почувствува горчината на поразот. Тој ќе се обиде да го повтори ланскиот успех кога тимот се избори за историски пласман во групната фаза од Лига Европа (ЛЕ).