Еден од фудбалерите од златната генерација на нашата млада репрезентација учесник на ЕП 2017 во Полска, Давид Бабунски, останува во Јапонија, но во нов клуб.
По разделбата со Јокохама Маринос, Бабунски денеска потпиша договор со јапонскиот второлигаш Омија Ардија до јануари 2020 година. Новиот тим на нашиот фудбалер во досегашниот дел од сезоната во 2. Џеј-лига е на 5. место.
Давид Бабунски по две години соработка со Јокохама ова лето се одлучи на раскин на соработката.