Македонскиот фудбалски репрезентативец, Доријан Бабунски, се надева дека на мечот во Грузија ќе имаме многу подобра реализација и дека ќе дојдеме до посакуваната убедлива победа.
„Во првите мечеви покажавме високо ниво и ако продолжиме да се држиме до тоа, можеме да дојдеме до позитивни резултати. Мора да бидеме поефикасни во споредба со минатите мечеви“ – вели Бабунски.
„Треба да го држиме темпото цели 90 минути. Многу значајни играчи не се тука но, тие што дојдоа мислам дека ќе покажат дека можеме да го задржиме нивото“ – потенцира нашиот фудбалер пред мечот во Тбилиси.