Баер Леверкузен ќе ја намали сумата која ја бара за својот играч Каи Хавертц ако влезат во Лигата на шампионите, објавија медиумте во Англија.
Според истата информација, доколку клубот од Леверкузен влезе во Лигата на шампионите, цената на играчот од средниот ред ќе се намали од 90 милиони фунти (скоро 100 милиони евра) на 70 милиони фунти (77 милиони евра).
Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Челзи, кој е фаворит во борбата за играчот, но и Ливерпул се заинтересирани за услугите на Каи Хавертц. Оваа сезона Хавертц постигна 15 голови и 8 асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања на клупско ниво.
Во моментот Баер Леверкузен има освоено 60 поени од 32 натпревари, го зазема 4-то место на табелата, што му овозможува да влезете во ЛШ.