Фудбалерот на Баер Леверкузен, Каи Хавертц ќе го пропушти во вторник полуфиналето на Купот на Германија против Сарбрикен, објави тренерот на оваа екипа, Петер Бос.
„Овој меч е премногу рано за него“, рече Бос за 20-годишниот Хаверц, кој исто така го пропушти дербито со Баерн Минхен изминатиот викенд поради повреда на мускулот. Бос додаде дека сè уште не е сигурен дали Хавертц ќе може целосно да се опорави за првенствениот натпревар против Шалке иследниот викенд.
Ларс Бендер, Дејли Синкгравен и Лион Бејли дефинитино го пропуштаат мечот со Сарбрикен, но Бос потврди дека ќе смета на најдобрите кои се подготвени за настап на утрешниот натпревар.
„Нема да го искористиме полуфиналниот натпревар за да им дадеме шанса на играчите кои имаат помала минутажа. Наша цел е да го добиеме овој натпревар и да се квалификуваме во финалето”, рече тренерот Бос.
Во другото полуфинале, што ќе се игра во среда, Баерн (Минхен) се среќава со Ајнтрахт (Франкфурт). Финалето на Купот на Германија е на 4 јули во Берлин.